Проекти

Иницијативи за зелена енергија во Радовиш: Green Heat и Енергетски ефикасен регион.

Green Heat – Зелена топлина

Воведување ефикасна услуга за централно греење, ориентирана кон потрошувачите, преку мала дистрибутивна мрежа базирана на обновливи извори на енергија.

Општа цел: современа, еколошка, општинска услуга за греење на јавни згради, која ќе придонесе за подобри услови за живот на локалното население преку воспоставување на пилот-единица во Општина Радовиш.

ELRAD Energy го надгледува поставувањето и работењето на топлински пумпи воздух–вода во петте јавни објекти во градот.

Проектот накратко

Носител Општина Радовиш
Партнер ЦеПроСАРД Скопје
Придружни партнери ЈП Плаваја – Радовиш; Град Белишче (Хрватска)
Сектор Енергетска ефикасност
Времетраење 40 месеци
Вкупен буџет 909.288,35 EUR
Финансирање Кофинансиран од Европската Унија

Специфични цели

  • Воведување иновативен, репликативен модел на услуга за централно греење, преку зголемена употреба на локално достапни ресурси.
  • Зајакнување на капацитетите на клучните надлежни чинители за ефикасна транзиција кон современи и позелени услуги за греење на локално ниво.
  • Промовирање на климатски ориентирани, напредни решенија за испорака на услуги кои стимулираат позелена локална економија.

Очекувани резултати

  • Воспоставено напредно, репликативно решение за централно греење кое користи повеќе обновливи извори на енергија на 5 општински згради.
  • Јавната администрација ги има потребните знаења и вештини за планирање, следење и испорачување на новата услуга на одржлив начин и за промовирање на нејзината одржливост во други општини.
  • Зајакната јавна свест за економските, социјалните и еколошките придобивки од централното греење базирано на обновливи извори на енергија.

Јавни објекти во проектот

  • Детска градинка „Ацо Караманов“
  • ООУ „Крсте Петков Мисирков“
  • СОУ „Коста Сусинов“
  • Спортска сала „25 Мај“
  • Општинска административна зграда

Планирани активности

  • Воведна фаза – истражувања и анализи, вклучително анализа на искористување на високоефикасни алтернативни системи за централно греење базиран на обновливи извори на енергија.
  • Формирање на Локална група на клучни чинители за учество во процесите на донесување одлуки поврзани со новата услуга (6 средби).
  • Воспоставување на услуга за централно греење во Радовиш преку мал, еколошки систем за греење базиран на обновливи извори на енергија.
  • Градење на капацитетите на клучните чинители и трансфер на know-how.
  • Промотивни активности за подигање на јавната свест, вклучително студиски посети на пилот-единицата од претставници на други општини.

Енергетски ефикасен регион

Проект поддржан од SDC (Швајцарската агенција за развој и соработка).

Цел: искористување на сончевата енергија за производство на струја.

Фотографии

Од првата средба на локалната група на клучни чинители за проектот Green Heat (26 април 2023).

Имате идеја за проект?

Споделете ја со нас.